95
Странски турист утрово бил нападнат од мечка во општина Дро, во северната провинција Трентино.
Повредениот турист е пренесен во болница со повреди на екстремитетите, јавува Анса.
Властите спроведуваат истрага за да утврдат што точно се случило.
Италијанските медиуми јавуваат дека во областа неодамна била забележана женка со младенчиња.
Од 2014 година во провинцијата Трентино се забележани неколку напади на мечки врз луѓе, пренесува Танјуг.