Мечка му скина дел од носот и од скалпот на 46-годишниот Ицко Милески од с. Секирци

by irena 16:44
16:44

Ицко Милески (46) од село Секирци се лекува на клиниките во Скопје по вчерашниот напад на мечка при берба на печурки.

Тој вчера околу 13 часот со пријател бил на вообичаена берба на печурки во атарот на селото Рилево кога го нападнала мечка.

Според д-р Димитар Иваноски под прилепската болница, повредениот бил донесен од пријателот во болницата околу 14 часот. Му биле констатирани тешки повреди на лицето, главата, раката.

– Дежурниот лекар првично констатирал повреди на главата, значи имаше дел откинување на скалпот, имал каснатини на лицето, на носот каде дел од носот е откинат. Потоа имал угризни рани од заби на вратот и на градниот кош. Направена му е компјутерска томографија на граден кош, на вратот и на главата, ординирана е соодветна терапија и тетанична профилакса, вообичаена при напад од животно. Констатирано е дека има присуство на слободен воздух во градниот кош. И поради сериозноста на таквиот тип на повреда, пациентот е транспортиран на клиниката за торакална хирургија во Скопје – изјавил д-р Иваноски.

Слични вести