Македонскиот дипломатски синдикат побара од претседателот на државата и од Владата „прочистување“ на македонската дипломатија и министерството за надвотрешни работи брзо и ефиксано да се справува со непочитувањето на Виенската дипломатска конвенција.
Дипломатскиот синдикат го поздрави потегот на претседателот Стево Пендаровски и на министерот за надворешни работи Бујар Османи за предвремено отповикување на амбасадорот Сашо Тодоровски од Прага, иако сметаат дека е задоцнето.
„Одлуката за отповикување е донесена со големи калкулации, имајќи го предвид неговото политичко и непрофесионално делување, како претседател на синдикална организација, како и фактот дека именуваниот и претходно е предвремено отповикан за слични нерегуларности. Сепак е добро што најпосле свеста за нужноста од „прочистувањето“ на македонската дипломатија, почнува да резултира со конкретна акција“, се вели во реакцијата на Македонскиот дипломатски синдикат.
Амбасадорот Тодоровски е вратен од Прага поради утврдени неправилности во работата, лажно претставување на сопругата како културен аташе во Прага и непочитување наинструкции од Министерството за надворешни работи.
Според Дипломатскиот синдикат акцијата за отповикување требало да се изведе потранспарентно и за неа да се информира изворно и навремено, а не изнудено и со доцнење од повеќе месеци, дури откако е направен изборот на кандидат за нов амбасадор, при веќе постоечки амбасадор во Прага кој е само на половина од својот мандат.
„Ако се земат причините за отповикувањето, ќе констатираме дека непочитувањето на Виенската дипломатска конвенција претставува сериозен проблем за секоја дипломатска служба и дека со такви ситуации министерството треба да е справува брзо и ефикасно, без никакви калкулации“, стои во реакцијата на Македонскиот дипломатски синдикат.
Дипломатскиот синдикат го охрабрува министерот Османи со иста енергија и со ист аршин да продолжи да се справува со секаква недисциплина,неодговорност, малверзации, неспособност и недостатокот на исполнителност и на други наши амбасадори.
„Го охрабруваме да се справи со наши амбасадопри за кои има сознанија за вакви и посериозни прекршувања“, велат од синдикатот.
Македонскиот дипломатски синдкат вели дека министерот Османи и неговиот претходник Димитров немаа желба да соработуваат со Македонскиот нив, уште помалку да ги слушнат нивните сугестии во однос на лошата кадровска политика во највисокиот ешалон на дипломатијата.
„Порачуваме дека како Синдикат ќе вложиме голем напор со следниот министер за надворешни работи да воспоставиме силна двонасочна соработка, која ќе биде заснована пред се на професионални стандарди и нема да имаме толеранција за неквалитет, индолентност или неспособност на нашите најважни дипломатски претставнициво светот, амбасадори“, стои во реакцијата од извршниот одбор на Македонскиот дипломатски синдикат.