Хил: Србија станува се подобар партнер на САД, со Курти имаме суштински проблеми

by Fokus

Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил изјави дека Западот има проблем со премиерот на Косово, Албин Курти, кој не сака да прифати предлози за деескалација на ситуацијата на Косово, но Белград е конструктивен. и сè подобар партнер.

„Прашањето е дали САД можат да сметаат на Курти како партнер“ изјави Хил за „Гласот на Америка“ и  дека има суштински проблем со него бидејќи тој не е подготвен да ги прифати предлозите на САД и на Европската Унијата.

Тој додаде дека одлуката за тоа ќе и ја препушти на американската амбасада во Приштина. Тој посочи дека Курти ќе мора да направи „некои промени“ доколку сака да смета на САД како пријател и партнер.

„Не се сеќавам дека некогаш сум видел толку длабоки поделби во односите меѓу Приштина и Вашингтон“, рече Хил, нагласувајќи дека земјите-членки на Квинта ја споделуваат загриженоста за дејствијата на Приштина.

Тој вели дека „многу е важно специјалната полиција да се повлече од општинските згради“ на северот на Косово и градоначалниците Албанци да ги напуштат општинските згради, додека третото прашање поврзано со новите избори на северот на Косово е „ малку потешко“.

Хил кажа дека брзо станало очигледно дека со толку слаб одѕив „немате причина да продолжите“. Тој посочи дека формирањето на Заедницата на српските општини е важно „бидејќи недостигот на доверба во меѓународната заедница произлегува од тоа што нема ЗСО“.

„Од српска страна јасно беше констатирано дека е важно формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО), што се уште е проблем за господинот Курти. Затоа што сите други разбираат дека тоа е неопходно“, рече Хил.

На новинарско прашање дали очекува српскиот претседател Александар Вучиќ да ја признае независноста на Косово, Хил рече дека мисли оти Вучиќ е подготвен да го направи тоа што го кажа, а тоа е да се постигне нормализација на односите.

„Тоа е многу важно и претходи на сите идни фази на соработка“, истакна Хил.

Тој рече дека САД сметале на Вучиќ како добар партнер, а тоа биле тој и неговата влада во овој процес.

„Се надеваме дека тоа ќе продолжи. Би сакале тој да направи се што може за да ја деескалира ситуацијата и да види дека таа веќе се спроведува. Тоа е многу позитивно“, рече Хил.

Тој рече дека имаат разбирање со властите во Србија како да се оди напред и дека се надева оти и народот на Србија ќе разбере дека САД и ЕУ сакаат многу поголема соработка на политичко, економско и безбедносно ниво.

„Ние сме многу заинтересирани за подобрување на односите со Србија – барем колку што е заинтересиран народот и владата во Србија. Чувствуваме дека Србија станува се подобар и подобар партнер за нас“, рече Хил.

Поврзани новости