Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп денеска изјави дека верува оти Килијан Мбапе ќе игра на натпреварот против Холандија во второто коло од групата Д на Европското првенство во Германија, пренесува АП.
Мбапе го скрши носот пред три дена на крајот од натпреварот против Австрија во првото коло од групата Д на дуелот со репрезентативецот на Австрија Кевин Данс. Франција ја победи Австрија со 1:0.
– Се оди добро, по шокот што го доживеавме. Вчера имаше полесен тренинг, така ќе биде и вечерва. Сè се развива во вистинската насока. Ќе направиме се што можеме за да го ставиме на располагање за утрешниот натпревар – изјави Дешамп.
АП пренесува дека Мбапе тренирал со тимот со маска на лицето.
– Килијан ќе носи маска на натпреварот против Холандија – додаде францускиот селектор.
Натпреварот меѓу Франција и Холандија се игра утре од 21 часот во Лајпциг.