Мбапе нема да игра против Холандија

by Fokus

Поради повреда на носот, францускиот фудбалер Килијан Мбапе нема да игра на натпреварот против Холандија (21.06.)

Како што објави француски „Канал +“, Мбапе нема да се опорави од повредата здобиена на натпреварот против Австрија, а доколку биде во конкуренција за мечот со Полска ќе игра со заштитна маска.

Против Австрија, Мбапе беше најзаслужен за автоголот на Максимилијан Вебер, кој следеше веднаш по неговиот продор и опасниот центаршут од десното крило.

Франција има три бода по првиот дуел во групата.

Поврзани новости