Мбапе: Го допрев дното и сфатив дека морам да дадам сè од себе за дресот на Реал

by Fokus

Реал Мадрид славеше во дуелот со Севиља во 18. коло на шпанската Ла Лига, а стрелец и асистент на овој меч беше Килијан Мбапе кој изминатиот период беше на мета на критики.

По мечот со Севиља францускиот напаѓач се „отвори“ и зборуваше за својата форма од доаѓањето во клубот од Мадрид.

„Можам многу повеќе. Знам дека имам уште во нозете, играв подобро на последните натпревари. Мечот со Билбао ми дојде добро, го допрев дното, промашив пенал и дојде време да сфатам дека морам да дадам се од себе за овој дрес, мора да играм со карактер. Дадовме максимум во првиот дел, дадовме убави голови, игравме напаѓачки. На крајот постигнавме четири гола и мислам дека навивачите можат да бидат задоволни. Мислам дека подобро се познаваме, влегов во тимот и адаптацијата сега е готова. Се чувствувам подобро, на терен подобро се разбирам со сите“, изјави Мбапе.

Тој досега во дресот на Реал одигра 23 натпревари и постигна 13 погодоци, а запиша и 3 асистенции.

Поврзани новости