Драстични мерки против францускиот голгетер Килијан Мбапе преземаат челниците на ПСЖ. Најавите се дека клубот е подготвен да го остави цела сезона на трибините доколку не реализира трансфер.
Денеска имаше нова епизода во „режија“ на „светците“.
Мбапе засега ги игнорира заканите и ултиматумите од Насер Ал Келаифи, а одби и рекордна сума на пари која му беше понудена од Саудиска Арабија.
Катарските газди во ПСЖ не гледаат никаква шанси за промена на ситуација и фудбалерот веќе е прецртан во Париз. Доказ за тоа се и последните дејности кои ги преземаат од клубот.
Дресот на Килијан Мбапе веќе не се продава во официјалниот фан-шоп на ПСЖ, а клубот го менува и изгледот на „Паркот на принцовите“ поради бојкотот кон Французинот.
Се појави видео на кое се гледа како работници со помош на кран го вадат билбордот на кој стоеше фотофрафија на Мбапе:
❌No hay camisetas de Mbappé en la tienda del PSG
🔥También han quitado su imagen del Parque de los Príncipes
📺#Golazo pic.twitter.com/bvpIHfGfUY
— El Golazo de Gol (@ElGolazoDeGol) August 8, 2023