Мажот кој ограби банка за да побегне од сопругата, заработи домашен притвор!

by Фокус

Честите расправии со сопругата и со нејзините четири деца кои ги добила во претходниот брак го принудиле Лоренс Џон Рипл од Канзас на невообичаен чекор. Американецот заминал во најблиската банка со цел да ја ограби, за да потоа биде однесен во затвор, каде планирал да се одмори од напнатата ситуација во домот. Но, наместо во затвор, судот во Канзас го осудил несреќниот маж на шест месеци домашен притвор.

Веста за Лоренс ја пренесе ,,Њујорк пост”. Според медиумот, по кавгата со сопругата, Лоренс и оставил писмо во кое напишал – Подобро да бидам во затвор отколку дома. Потоа влегол во банката и на службеникот му побарал пари, заканувајќи се дека носи пиштол. Вработениот од банката му дал 2.924 долари, по што Лоренс излегол пред банката и на обезбедувањето му кажал дека тој е човекот кој штотуку извршил грабеж и побарал да повикаат полиција.

Тој пред судот ја признал вината и кажал дека подолг период бил депресивен и на затворот гледал како на можност да се одмори од домашните случувања. И покрај поплаките, сепак не завршил во затворските ќелии, туку заработил пола година домашен притвор.

В.К.

Поврзани новости