Четворица мажи силувале, убиле и изеле заштитен гуштер во индиски шумски резерват, објавија локалните медиуми. Грозоморниот чин се случил на 29 март во резерватот Сахјадри во западна Индија, а мажите кои ова го направиле од забава, биле на возраст од дваесетина и триесетина години. Локалниот суд им одредил кауција.
Овој вид заштитен гуштер расте во просек помеѓу 1,5 и 2 метри, но откриени се и примероци долги повеќе од три метри. Во просек тежат околу 20 килограми.
Помеѓу 2010 и 2020 година, во Индија беа пријавени околу 80 случаи на сексуална злоупотреба на животни, но експертите велат дека бројката е многу поголема и практиката е сè уште редовна во некои оддалечени делови на Индија.
Неодамнешните случаи на сексуална злоупотреба на животни вклучуваат човек кој силувал и убил бремена коза во јужна Индија и 60-годишен маж кој силувал куче скитник минатата година.
Фото: ЕПА