371
Еден човек загина за време на невремето во Бачка Паланка, кога се обидел да ги извади струјните кабли кои паднале на неговата капија, изјави денеска претседателот на општина Бачка Паланка, Бранислав Шушница. Ова е трета жртва на невремето во Србија.
Сушница за Танјуг изјави дека маж (роден 1957 година) во петокот ги зел каблите со гола рака, поради што доживеал струен удар и починал на лице место.
Шушница апелираше до граѓаните да не ги допираат струјните кабли и сами да не ги отстрануваат паднатите дрвја.