459
48 годишен жител на Софија почина, откако неговото куче го нападна нанесувајќи му смртни повреди, објави бугарската „Нова.тв“. Трагедијата се случила вчера околу 15 часот.
Попладнево неговите роднини го нашле телото и повикале екипа на Итна медицинска помош.
Медицинските лица првично не можеле да дојдат до човекот поради кучето, кое било агресивно, а потоа само ја констатирале смртта на мажот.
Соседите раскажуваат дека тој најчесто го чувал своето куче во дворот и тоа често правело проблеми. Сепак, тие се плашеле од миленикот. Роднините велат дека мажот можеби се онесвестил, а потоа кучето го нападнало.