Маж во Бар се заканува дека ќе крене банка во воздух

by fokus

Полицијата во црногорскиот град Бар евакуира дел од улицата Маршал Тито откако црногорец се закани дека ќе активира експлозив, јави „Вијести“.

Од Полициската управа за црногорскиот портал рекле дека човекот претходно на филијалата на банка залепило натпис „Вратете ги парите што ги украдовте од работниците на Приморка“.

Човекот кој се претставил како Един Бегзиќ, претходно на медиумите им доставил видео од Јутјуб, во кое ги повикува премиерот и вицепремиерот, како и претседателот на Собранието, да помогнат во решавањето на ситуацијата со банката, барајќи отштета од повеќе милиони долари.

Човекот во видеото покажува импровизирани направи, за кои тврди дека се експлозивни.

-Ќе ја држам банката под контрола додека не им ги исплати на работниците парите што ги украла, со камата за целото време што чекаат. Имам солзавец и маска, оклоп, пиштол, молотови коктели и две рачно изработени експлозивни направи, вели тој во видеото и демонстрира како функционира направата.

Специјалното обвинителство спроведува истрага против организирана криминална група во случајот „Приморка“, осомничена дека го оштетила државниот буџет за четири милиони евра.

-Ова банка ги украде парите на чесните граѓани, на работниците на „Приморка“ уште во 2010 година. Да си ја работевте работата, ние немаше да дојдеме во оваа позиција, и им се обраќа тој на политичарите.

Поврзани новости