Маж тврди дека е син на Чарлс и Камила

by fokus

Сајмон Чарлс Доранте – Деј од 2016 година тврди дека е дете на кралот Чарлс Трети и неговата сопруга Камила Паркер.

Тој изјавил дека се обидува да го изведе Чарлс на суд и да побара ДНК тест за да докаже дека е негов татко.

Сајмон живее во Австралија и тој разговарал со неговиот адвокат и се интересирал дали монархот е заштитен со закон.

-Одговорот на тоа беше не и тие ми рекоа дека не гледаат причина зошто да бидат заштитени. Камила и нејзиното семејство сигурно не се над законот, рекол тој.

 

Поврзани новости