384
Сообраќајот пред зградата на Собранието во Белград попладнево беше блокиран затоа што 63-годишен маж се закануваше дека ќе се самоубие активирајќи рачна бомба. Тој утринава се довезол со автомобил до плоштадот „Никола Пашиќ“, тврдел дека има бомба и се заканувал дека ќе се разнесе.
Според српското министерство за внатрешни работи, човекот немал бомба туку кај него е пронајдена само реплика од пиштол.
На местото на настанот денеска биле присутни припадници на специјални едници. Полициски службеници преговарале со човекот за да го убедат да се повлече од намерите. На крај тој и се предал на полицијата.
Според српските медиуми 63-годишниот маж е поранешен припадник на српската армија.