551
Мртов маж со прострелна рана на главата утрово бил најден во населба Маџари на стадионот „Борис Трајковски“ под трибината. Случајот во МВР бил пријавен во 10.33 часот.
Лицето е идентификувано и станувало збор за маж на возраст од 34 години, а смртта ја констатирал доктор од итната медицинска помош.
На лице место пронајден е пиштол, а првичните индиции според нашите информации од МВР, покажале дека најверојатно се работи за самоубиство. Сепак од таму ќе чекаат да заврши увидот за конечно да ја кажат дали се работи за убиство или самоубиство.