Маж со нож се заканувал на ученици во школски двор

by Fokus

Маж на возраст од 52 години со иницијали Д.Т. во тек на вчерашниот ден околу 12.30 часот, со нож се заканувал на двајца ученици во двор на основно училиште во Неготино, дознава ,,Фокус”.

Според првичните информации, се работи за лице од Штип кое привремено престојувало во Неготино, а причината поради која им се заканувал на децата се уште не е позната.

Случајот кој предизвика вознемиреност кај граѓаните, го потврдија и од СВР Велес.

-Настанот се случил во училишен двор во Неготино во 12.30 часот, а училишното обезбедување го пријавило во полиција. Д.Т. (52) кој им се заканувал на две малолетни лица со остар предмет побегнал, но потоа во 14 часот бил приведен од страна на полициски службеници од Полициска станица Неготино – изјави Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Околу тоа кој бил поводот за вознемирувачката случка, додаде дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршувањето на истрагата.

Неофицијално, лицето било приведено на разговор, но потоа било пуштено на слобода.

Вики Клинчарова

Поврзани новости