71
Пожар во куќа во селото Косевица кај Македонска Каменица однесе човечки ѓивот, информира Регионалниот ЦУК Штип.
Според информациите, пожарникари од Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица денеска во периодот од 7 до 10.30 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во селото, кај месноста „Реката”.
Интервенирано било со две протипожарни возила, а материјалната штета, според информациите, била голема.
„Причина за пожарот е намерно палење на куќата од страна на жртвата. Според првичните информации од терен, лицето откако ја запалило куќата, која веќе била зафатена од пожарот, се фрлило во базен во кој починало. Точната причина за смртта ќе се знае по истрагата“, известуваат од ЦУК.