Загрепската полиција добила дојава дека маж без облека се шета низ Загреб и со секира оштетува автомобили.
После тоа, мажот отишол на домашната адреса каде полицијата пронашла тело на почината жена.
„Денеска, 13.06.2024 година, околу 14,25 часот на подрачјето на Суседград, добиена е пријава дека маж без облека се движел по улица и со секира оштетува автомобили, по што се упатил на домашната адреса. Пристигнувајќи на неговата адреса на живеење, полициски службеници го пронашле и го однеле во службените простории. Во куќата каде што живее, пронајдено е најверојатно телото на постар член на семејството, за кој засега не може да се утврди причината за смртта со оглед на состојбата на телото поради последиците од текот на времето“, соопшти полицијата.
Увид на местото на инцидентот врши увидна екипа на полициската управа во Загреб.
Мажот е под надзор на полицијата, во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.