Маж се забарикадирал во куќа со седум деца: убил полицаjци и лекар кои дошле да интервенираат

by Fokus

Двајца полицајци и еден лекар се убиени во неделата наутро во Минесота кога дошле да интервенираат во куќа каде било пријавено дека има семејно насилство.

Полицијата добила пријава за насилство во куќа во која има неколку деца. Напаѓачот, чиј идентитет се уште не е соопштен, е мртов, а седум деца на возраст меѓу две и 15 години се безбедно евакуирани.

27-годишен полицаец и лекар од итна помош (40) загинаа кога се приближиле до домот во Барнсвил, град јужно од Минеаполис.

Американските медиуми јавуваат дека во размената на оган е повреден уште еден полицаец, но дека неговиот живот не е во опасност.

Полицијата соопшти дека повикот дошол околу 01:50 часот по локално време. Лицето кое повикало полиција изјавило дека во куќата има вооружен маж, кој како заложници држел членови на семејството.

На местото на настанот пристигнале бројни полициски и медицински екипи кои се обиделе да разговараат со осомничениот, но тој наеднаш отворил оган кон полицијата. Еден полицаец е убиен во куќата.

Истрагата за овој случај е во тек, а од фотографиите објавени од АП се гледа дека возилото на специјалните сили е изрешетано со куршуми.

Поврзани новости