Маж се поли со бензин и се запали пред Владата во Загреб

by Fokus

Маж се поли со бензин и се запали во Загреб.

Околу 9 часот и 40 минути пред оградата на јужната страна на плоштадот Марков во Загреб, непознато лице се поли со бензин и се запали, пренесуваат хрватските медиуми.

Според неофицијални информации, човекот се самозапалил и се здобил со тешки телесни повреди.

Итната помош веднаш пристигнала на местото на настанот, а мажот бил жив кога започнало лекувањето на повредите.

Поврзани новости