Маж се обидел да го истепа дежурниот лекар во поликлиниката во Драчево

by Fokus

Денеска во раните утрински часови, поточно во 00.45 часот на подрачјето на Драчево од полициски службеници бил лишен од слобода З.П.(48) од Скопје.

Според полицијата, тој агресивно се однесувал кон лекар во Поликлиниката Драчево.

Имено според пријавеното, тој околу 00.20 часот во Поликлиниката Драчево агресивно се однесувал кон лекар и се обидел физички да го нападне, по што скршил прозорско стакло во холот.

Бил приведен во полициска станица, при што во службен разговор во целост го признал извршеното кривично дело.

 

 

 

 

Поврзани новости