691
Во сите џамии во Албанија во празнична атмосфера беа одржани утринскиот и бајрам намаз, а најмасовно беше на плоштадот Скендербег во Тирана, кој беше преполн со верници.
Ова е втора година по ред муслиманските верници во Албанија да го празнуваат Рамазан бајрам во услови на пандемија на Ковид-19.
Празничната атмосфера за кусо ја прекина немил настан, кога 40-годишен маж се обиде да се самозапали. Додека верниците се клањале, тој се полил со бензин, зборувал неразбирливо, без контрола на однесување и извикувал „Бог не постои“. Верниците биле тие кои први го совладале додека пристигнале полициски службеници кои го привеле.