435
Маж на возраст од 64 години утрово пукал во зградата на Третиот регионален полициски оддел во Софија. На објектот има материјална штета, јавија софиски медиуми.
Според официјалните информации од Итната помош, еден полицаец е полесно повреден.
Мажот бил уапсен и според полицијата, пукал со ловечка пушка за која нема дозвола.