52
Во СВР Скопје, вчера во 18.52 часот, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреда од заталкано зрно бил донесен А.С.(29) од село Брест, Скопско.
Како што соопшти МВР, според пријавеното, околу 17.30 часот на патот кон с.Арачиново, скопско, тој застанал до чешма, при што почувствувал удар во главата и паднал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.