1
Осумдесет и двегодишен маж починал во болница откако бил вмешан во расправија околу користење лежалка на плажа во јужниот дел на Атина, објавија грчки медиуми.
Инцидентот се случил во раните утрински часови на плажа во Вулијагмени.
Според досегашните информации, во расправијата биле вмешани 76-годишен маж и 21-годишна жена. 82-годишниот маж наводно бил повреден во инцидентот, по што бил пренесен во болница, каде подоцна починал.
76-годишниот маж и 21-годишната жена биле приведени на распит, како и вработен во компанијата која ги изнајмувала лежалките.