33
Денеска (16.05.2024) во 09.25 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош е пријавено дека во Основен граѓански суд, во ходникот на први кат, има починато лице.
Од страна полициски службеници е излезено на местото и е констатирано дека станува збор за Љ.С.(75) од Скопје. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено за обдукција. Увид извршен.