1K
Немил настан се случи доцна попладнево на охридското крајбрежје кога средовечен маж почина, неофицијално како последица на срцев удар, објави Либертас.
Безживотното тело на човекот било извадено од водите, на плажата Метропол, а на снимката се гледа како на помош трча министерот за здравство Венко Филипче, кој бил на 200 метри, на отворање на Европскиот маратон.
Филипче некои 20-тина минути го реанимирал мажот кој имал 70-тина години, но за жал веќе било предоцна да се спаси човекот.