Човечки фетус беше пронајден пред една болница во Лондон , по што беше покрената полициска истрага, при што полицијата апелираше до секој што има каква било информација поради грижата за состојбата на мајката.
Настанот се случил во болницата Барнет во северен Лондон. Веднаш била повикана полицијата откако фетусот, за кој се верува дека е стар околу 16 недели, бил пронајден во кутија.
Лондонската полиција соопшти дека истрагата е фокусирана на пронаоѓање на мајката со цел да се утврди нејзината здравствена состојба и дали таа воопшто добива соодветна медицинска помош“.
„Ова веројатно ќе биде трауматично време за неа и би ја замолиле да стапи во контакт или со нас, со нејзиниот локален општ лекар или со болницата“. Веруваме дека кутијата ја оставил маж на 30-годишна возраст облечен во темна облека. Исто така, би го охрабрил да излезе за да можеме да помогнеме“, го пренесува Дејли мејл соопштението на полицијата