Возило во движење низ центарот на Неготино, од кое околу полноќ во саботата кон неделата се слушале полициски сирени и други звуци, ги вознемирило граѓаните.
Како што информираат од СВР Велес, станувало збор за лице од Тимјаник, кое било сопатник во возилото и преку мегафон пуштал вознемирувачки звуци. Мегафонот му бил одземен, а против него ќе била поднесена соодветна пријава.
-На 11.05.2024 околу 00.05 часот од страна на полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај од ОВР Неготино на улица „Маршал Тито“ во Неготино забележано е патничко возило „рено“ со неготински регистарски ознаки, од кое, додека се движело, се слушале полициски сирени и други звуци, со кои се вознемирувале граѓаните.
Возилото било сопрено и од Г.С.(27) од село Тимјаник, неготинско, кој бил сопатник во возилото, одземен е мегафон. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава- соопштија од СВР Велес.
Вики Клинчарова