701
Лице на возраст од 42 години од Неготино е регистрирано како позитивно на корона вирус и поради изразени симптоми е хоспитализирано на Инфективно одделение во велешката болница. Станува збор за пациент кој работел во поголема приватна фабрика во Кавадарци.
Исто така, денес и во Кавадарци се регистрирани пет нови позитивни случаи.
-Новорегистрираните пациенти се на возраст од 29 до 60 години. Сите се тестирале бидејќи имале симптоми. Покрај пациентот од Неготино, исто така хоспитализиран е и еден пациент од Кавадарци на возраст од 60 години- информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци.
Се работи на утврдување на нивните контакти.