112
Маж на возраст од 60 години синоќа бил нападнат од мечка во атарот на велешкото село Оморани. Настанот се случил додека тој напасувал крави, а при нападот мечката го каснала.
Го спасиле неговите кучиња, кои тргнале кон неа и лаејќи ја избркале.
фото илустрација
Од СВР Велес потврдија дека синоќа во 21.30 часот во болницата во Велес, Ц.С.(60) од село Дреновци, прилепско, на полициски службеници од СВР Велес им пријавил дека на планината Мукос, атар на село Оморани, Општина Чашка, додека напасувал крави, бил нападнат и каснат од мечка, која била избркана од неговите кучиња.
Нема официјална информација со какви повреди се здобил нападнатиот, ниту дали е хоспитализиран.
Вики Клинчарова