904
Синоќа во Градско се случила тепачка помеѓу две лица, за време на лепење на политички пропагандни плакати, на улицата ,,Александар Македонски”.
Според СВР Велес, додека Д.С. (31) лепел плакати, бил нападнат од П.А. (33).
-Денес П.А. беше повикан на разговор во полициската станица, и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Немаме информација дали на тепачката и претходело некое недоразбирање од минатото или се случила во врска со лепењето на плакатите, се работи на случајот, ни изјавија од СВР Велес.
Вики Клинчарова