583
Вознемирени граѓани вчера пријавиле дека слушнале истрели од огнено оружје, во близина на булеварот Партизански одреди. Полицајците откако излегле на терен утврдиле дека 29-годишен маж пукал со пиштол на свадба.
-Во 14,30 часот било пријавено дека од правец на улица „Лондонска“ со булевар „Партизански одреди“ се слушало пукање од огнено оружје. По излегување на местото на настанот е констатирано дека се работи за семејна веселба-свадба, а Д.А.(29) од гасен пиштол испукал три куршуми. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.