Маж избодел тројца полицајци во Будимпешта, еден починал во болница

by Fokus

Маж избодел тројца полицајци доцна вчера во Будимпешта, а еден од полицајците подоцна починал во болница, јавува Ројтерс.

Осомничениот се обидел да влезе во стан во станбена зграда во Будимпешта кога била повикана полиција.

Додека тројца полицајци се обидувале да го приведат, мажот ги избодел и се обидел да истрча на улицата, при што четвртиот полицаец го застрелал во ногата.

На местото на настанот се собрала многу полиција, а унгарскиот Индекс пренесува дека на местото на злосторството пристигнале најмалку триесет полициски автомобили.

Поврзани новости