196
Во Секторот за внатрешни работи – Велес синоќа, околу 22 часот, бил пријавен случај во кој маж допирал малолетничка од Велес.
Како што информира портпаролот на СВР Велес – Биљана Ѓаковска, настанот се случил во двор на средно училиште во градот.
Според пријавата, едно лице допирало по телото малолетничка од Велес.
Таа појаснува дека СВР Велес презема мерки за расчистување на случајот.