130
Поднесена е кривична пријава против Н.И.(32) од село Косевица, општина Македонска Kаменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“.
-На 15.1.2024 во Делчево, пријавениот следел жена од Делчево, додека на 30.12.2023 тој ѝ напишал порака на социјалните мрежи со вулгарна и заканувачка содржина и телефонски ја вознемирувал, соопшти МВР.