Осумнаесегодишната Ана Марија Јованова денеска стана градоначалник на Струмица за еден ден. Градоначалникот Костадин Костадинов и ја отстапи фотелјата и заедно со Ана Марија ги реализира неговите планирани активности во кабинетот и надвор од него.
– Никогаш не сум кажал дека се знам и дека моите идеи се најдобри. Но, сум кажал дека мојот кабинет секогаш ќе биде отворен за сите граѓани, за нивните предлози и сугестии за подобра Струмица. Првото доброутро и добредојде во мојот кабинет и го посакав на Ана Марија Јованова, 18-годишна млада девојка која штотуку го заврши средното образование во СОУ „Димитар Влахов“ – истакна Костадинов.
Проектот „Градоначланик еден ден на општина Струмица“ се реализира заедно со Европската куќа чија цел е младите да бидат активно вклучени во локалните политики, што впрочем е и моја цел.
– Вака ќе биде секој прв понеделник во месецот, „градоначалниците“ од редовите на младите ќе се менуваат, но целта секогаш останува иста – создаваме подобра Струмица за сите. Со младите од срце за европска Струмица – истакна Костадинов.