“Матни работи“: Кој стои зад дискотеката Привилиџ, каде беше убиен Тот?

by Фокус

Со наслов „Мутни послови“ или во превод матни работи, хрватски Јутарњи лист објави сторија во врска до скопската дискотека Привилиџ, која беше затворена после убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, за што осомничени се 3 лица, кои веќе се во притвор.

Иако формален сопственик на фирмата што управува со Привилиџ е извесен Стефан Стаменков, реномираниот хрватски весник пишува дека зад клубот стои Цветко Дичевски, познат како Цвеле Привилиџ.

Инаку, се работи за лице кое беше дел од група што пред повеќе години беше обвинета и осудена за обид за убиство на Зафир Колевски познат како Вампир во кабарето Деспина, по што Дичевски извесен период беше во бегство.

Како што пишува хрватски Јутарњи, Цвеле се поврзува и со кафулето Манго, чии активности сега на својот профил ги објавува неговиот татко Митре Дичевски.

„Оттука, не е чудно што кога се распрашувавме во Скопје за вистинските сопственици на „Привилиџ“, многу соговорници избегнуваа да одговорат“, пишува весникот.

Воедно, хрватскиот медиум се повикува и на истражувањето на ИРЛ, кој своевремено објави дека фирмата што тогаш управуваше со Привилиџ носеше сличен назив како сега, и беше во сопственост на сопругата на Цветко Дичевски-Цвеле.

Поврзани новости