Матичните лекари утре ќе протестираат и нема да користат Мој термин, туку ќе работат само за итните пациенти, истакна доктор Лилјана Чолакова-Дервишова, претседател на Здружението на приватни матични лекари.
“Ова е протест на докторите од малите средини и амбулантите со мал број пациенти, кои се судруваат со можноста за затворање, оти со постојната капитација не можат да опстанат. Овој протест е поради низа причини со кои се судруваме во работата, како малата капитација од 65 денари која е донесена од 2018.
Со овие средства треба да се плати медицинска сестра со минимална плата од 18.000 денари, да се плати зголемена сметка за струја. Има колеги во малите места каде бројот на пациенти се намалува и тие се судруваат со можноста од затворање на амбулантите. Здружението е на сите приватни лекари и затоа го правиме овој протест“,тврди Дервишова.