Матичните лекари од приватното здравство денеска од 12 до 16 часот нема да работат во знак на револт, по убиството на нивен колега, кој во петокот вечерта беше пронајден мртов со убодни рани на паркингот пред поликлиниката Железара.
Претседателката на Здружението на приватни матични доктори, Лилија Чолакова Дервишова во изјава за МИА во петокот истакна дека е неопходно да се донесе закон за докторска дејност со кој точно ќе се дефинираат условите, правата и должностите на лекарите.
– Го повикувам Министерството за здравство што поскоро да се донесе Законот за докторска дејност со кој ќе се заштити работата на лекарите. Ние сме навистина револтирани и згрозени од ваквиот чин, рече Чолакова — Дервишова.
И Лекарската комора побара итна разрешница на случајот со починатиот лекар.