808
Од следната недела, матичните лекари ќе издаваат електронски QR код, или „Грин-пас“ за патување за секој поединец кој сака да помине граница, истакна министерот за здравство, Венко Филипче.
-Оваа апликација ќе може да се данлодира на секој мобилен телефон, а ќе ја издаваат матичните лекари. Овој сертификат ќе може да се надградува со податоци, рече Филипче.
Овој сертификат за вакцинација ќе содржи податоци за примена вакцина, за антитела или за направен PCR-тест.