453
Матичните лекари во петок ќе протестираат три часа со тоа што на пациентите нема да им издаваат електронски упати, а сепак ќе ги прегледуваат и ќе им пишуваат рецепти.
Ваква одлука паднала на Собранието на Здружението на приватните лекари, по истекот на рокот од дваесет дена кои им го дадоа на надлежните за преговори.
Матичните бараат фиксни плати од 40.000 илјади денари за лекар и 20.000 денари за медицинска сестра, зголемување на надоместокот по пациент и решавање на суштинските проблеми со префрлањето на пациентите кога еден од двајцата лекари ќе ја напушти ординацијата.