Матичен лекар од тетовско Боговиње почина на 41 година од Ковид-19

by fokus

Матичниот лекар Дашмир Дервиши од тетовско Боговиње почина поради последици од Ковид-19, објави месната заедница од Боговиње на нивната Фејсбук страница. Доктор Дервиши на возраст од 41 година, имал своја ординација во Боговиње.

Градоначалникот на Боговиње, Албон Џемаили на својата Фејсбук страница исто така објави за смртта на сограѓанинот.

– Многу ми е жал што пишувам за веста што сите ја слушнавме, за смртта на докторот Дашмир Дервиши, кој исто така беше мој сограѓанин. Се чувствувам многу тажно од оваа вест. Преку оваа порака им го пренесувам моето искрено сочувство на семејството и роднините на нашиот пријател Дашмир Дервиши. Неговата душа нека почива во мир, истакна Џемаили.

На седми ноември на 50 години поради Ковид-19 почина и радиолог д-р Владимир Ефтимовски вработен во тетовската Клиничка болница.

Поврзани новости