Триесет и двегодишниот О.И. од Студеничани, матичар по професија и 28-годишниот Д.К. заработиле кривична пријава за злоупотреба на лични податоци, информираа од МВР.
Според полицијата, првопријавениот, во текот на април 2021 година, без поднесено барање и без согласност издадена од мајката, како законски застапник на малолетно лице, изготвил и со свој потпис и печат на Управата за матични книги, заверил Извод од матична книга на родени и изготвениот извод му го дал на второпријавениот, кој бил неовластено лице да располага со таквиот извод.
Второпријавениот пак, неовластено и спротивно на закон, во два наврата го искористил изводот, односно личните податоци на малолетното лице. Тој го употребил во постапка пред Министерството за правда, Управа за водење на матични книги и во поднесена тужба од негова страна пред суд против оштетената мајка.