Професорот на Филозофскиот факултет, Зоран Матевски, вечерва во емисијата „24 анализа“ рече дека целата ситуација со признавањето на канонското единство на Македонската православна црква со православниот свет е благодарение на Преспанскиот договор.
-Да не беше Преспанскиот договор, немаше да дојде до канонско признавање од Вселенската патријаршија и најавената заедничка литургија со СПЦ, затоа што Грчката православна црква е исклучително блиска со Цариград и тоа немаше никогаш да се постави. ГПЦ лобирала. Вие знаете дека низ целата историја на Вселенската патријаршија, поглавар е Грк. Втора работа е што Вселенската патријаршија е во блиски односи со американската администрација на американскиот претседател Џозеф Бајден. Целото ова зреење е поттикнато од таму. Во втората половина на 2021 година, вселенскиот патријарх Вартолемеј беше кај Бајден и сигурно разговарале и за МПЦ, рече проф. Матевски.