Американски „CBS“ објави потенцијално сензационална вест за хрватскиот фудбалер Матео Ковачиќ (30).
Споменатиот медиум тврди дека саудиски Ал Наср сака да го доведе и тоа за една од највисоките плати во историјата на фудбалот.
Според тој договор, Ковачиќ би заработувал нешто повеќе од 1 милион евра неделно. Тие се надеваат дека ќе го комплетираат трансферот во зимскиот преоден рок.
Си-Би-Ес тврди дека веќе сакале да го доведат, но го пропуштиле рокот во понеделник бидејќи не успеале да го продадат Садио Мане навреме за да направат простор за друг странец. Во Ал Наср игра и Хрватот – Марсело Брозовиќ.
Истиот извор пишува дека Кристијано Роналдо навистина го сакал Ковачиќ за соиграч и го убедува клубот да го реализира тој трансфер. Не се споменува обештетување, но CBS пишува за „значителна сума“, додека Transfermarkt го вреднува Ковачиќ на 30 милиони евра.
Така Ковачиќ на годишно ниво би можел да заработи околу 64 милиони евра. Тоа е приближно седумпати повеќе отколку што заработува во англискиот шампион, околу девет милиони евра годишно, а неговиот договор е до летото 2027 година.
Така Ковачиќ би станал еден од најплатените фудбалери во светот. Поточно, според достапните податоци, тој би бил седми, пред Мане, кој заработува околу 63 милиони евра.
Најплатен играч во светот е Роналдо, кој заработува нешто помалку од 300 милиони евра по сезона, а потоа следат Нејмар, Бензема, Мбапе, Меси и Халанд.
Како би изгледала листата на најплатени фудбалери во светот доколку Ковачиќ го направи овој трансфер:
1. Кристијано Роналдо (Ал Наср) 297 милиони евра
2. Нејмар (Ал Хилал) 148 милиони евра
3. Карим Бензема (Ал Итихад) 147 милиони евра
4. Килијан Мбапе (Реал Мадрид) 105 милиони евра
5. Лионел Меси (Интер Мајами) 90 милиони евра
6. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) 65 милиони евра
7. Матео Ковачиќ 64 милиони евра