Матарела повторно избран за претседател на Италија

by fokus

Претседателот на Италија, Серџо Матарела денеска беше реизбран за втор мандат, откако што партиските лидери побараа од него да продолжи по еднонеделното неуспешно гласање во парламентот за избор на негов наследник.

Лидерите му се заблагодарија на 80-годишниот Матарела што се согласи да остане, но неуспешните обиди да се замени во текот на седум круга на гласање оставија длабоки лузни, со потенцијално опасни последици за политичката стабилност.

Премиерот Марио Драги рече дека реизборот на Матарела е „прекрасна вест за Италијанците“, заблагодарувајќи му се за „неговата одлука да оди заедно со исклучително силната волја на парламентот“.

Поврзани новости