Масовно пукање во Масачусетс – повеќемина застрелани

by fokus

Повеќе лица се повредени во средата попладне во центарот на Хојук, Масачусетс, соопшти полицијата, пренесува АП.

Детективот на полицијата во Хољок Бебен рече дека повеќе луѓе биле застрелани, но не прецизираше колку. Полицијата соопшти дека е во тек увид.

„Денеска нешто пред 13 часот, се случи пукање на раскрсницата на улиците Мејпл и Сарџент во Холиок. Имаше повеќе жртви од огнено оружје. Полициската истрага е активна и во тек“, соопшти кабинетот на градоначалникот на Холиок, Џошуа Гарсија.

Фото: Танјуг/АП

Поврзани новости