Масовно ограбување супермаркети во Венецуела откако снема струја низ целата земја

by fokus

Големиот недостиг од струја што ја парализира Венецуела од четвртокот, ги принудил цариниците на аеродромот во Каракас рачно да ги запишуваат лицата кои пристигнуваат и заминуваат, а контролата е многу тешка.

-Имињата и броевите на пасошите се запишуваат со хемиско пенкало на хартија бидејќи автоматските системи не работат, наведува патник кој пристигнал синоќа на аеродромот Мајкетија во Каракас.

Снабдувањето со електрична енергија во Каракас полека се стабилизира.

– Постепено се поправа дистрибутивната мрежа во 22-та реона во градот, изјави Ерика Фариас, градоначаник на западните делови од Каракас.

Владата соопшти дека во болници во државата нема 15 ниту 17 пациенти кои починале заради немање струја, туку биле преместени во други оддели.

Над 50 луѓе се приведени во Каракас за грабеж на супермаркет, објави весникот Насионал. Венецуелската армија презела обезбедување на стратешките енергетски објекти во државата, а дистрибутивната мрежа се надгледува од воздух.

Фото: Тајм Магазин

Поврзани новости